Општината догодина ќе гради капитални објекти

14.11.2014 15:56 | KumanovoNews

Општина Куманово во 2015 и 2016 година ќе се фокусира на реализација на капиталните инвестиции, за што планира да потроши 3 милиони евра.

Општината догодина ќе гради капитални објекти

 Според програмата, за наредната година најмногу ќе се инвестира во инфраструктурата, реконструкција на санитарни јазли во школите, изградба на спортски терени, довршување на затворениот базен и административната зграда и друго.  

Меѓутоа советниците од Коалицијата за подобра Македонија се сомневаат дека она што е ставено на хартија, ќе се реализира во пракса.

 Тоа претставува иста програма од минатата година која е прекопирана над 90 отсто. Сведоци сме дека на минатата седница на Советот правевме ребаланс на буџетот, каде истата таа програма ја ревидиравме за дури 70 отсто. Реализација на капиталните инвестиции во таа програма беше само 30 отсто. Сега усвојуваме таква програма, однапред знаејќи дека нема шанси таа да се реализира“ - вели Драган Петковски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.

Неговиот колега Јовица Станковски од истата советничка група, посочи дека со изградба на скејт парк или реализација на некој мал инвентивен проект Куманово може да се разубави.

Градоначалникот Зоран Дамјановски е оптимист дека со новиот Закон за експропријација, побрзо ќе се реализираат капиталните инвестиции, бидејќи нема до недоглед да се чека на сопствениците да дадат одобрение.

Мислам дека многу брзо ќе дојдеме до имплементација и решавање на Чоробенско ќоше, односно изградбата на административната зграда.Развојната програма е малку поголема, но тоа се должи на дебати со месни заедници, група граѓани, петиции и реалните потреби на граѓаните. Како резултат на слабата приходна страна сме принудени да направиме смалување во динамиката на изведба, затоа програмата ќе се спроведува 2015 и 2016 година“ - изјави Дамјановски.

Советниците ја усвоија развојната програма на општина Куманово за 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk