Општината го претстави предлогот за задолжување пред советниците

10.09.2020 10:44 | KumanovoNews

Предлогот за задолжување на Општина Куманово во висина од еден милион евра од Светска банка за обнова и развој за купување на основни средства и опрема за јавните претријатија, денеска беше образложен пред советниците на седницата на Советот.

Општината го претстави предлогот за задолжување пред советниците

Износот на заемот e 63.754.712 денари, со каматна стапка од 1 отсто, времетраење на кредитот е 13 години, со грејс период од 3 години. Годишната отплата на капиталот изнесува 103 илјади евра.  

„Заемот е за финасирање на капитални инвестициони проекти. Средствата ќе се искористат за набавка на: градежна машина, комбиниран ровокопач-утоварувач за ЈП „Водовод“, опрема за изнесување и депонирање на отпад, автосмеќар и автоподигач трактор со приколка и работна машина за ЈП „Чистота и Зеленило“, опрема за зимско оддржување на сообраќајниците, три камиони со плуг за расчистување на снег и соларка за фрлање на сол и ризла за ЈП „Чистота и зеленило“, специјално возило-пајак за отстранување на непрописно паркираните возила од јавните површини за потребите на ЈП Куманово-паркинг и набавка на ровокопач-утоварувач, камионет и комерцијално возила за ЈП Куманово-гас“, - објасни Маја Петровска, координаотор на проектот од Секторот за евроинтеграции.

 Таа додаде дека имплементирањето на проектот ќе овозможи големи придобивки на општината и четирите јавни претпријатија, а ќе генерира дополнителни приходи и заштеди на средства на јавните претријатија и нови услуги кон граѓаните. Поради моменталната состојба со основните средства, пред се стара и амортизирана механизација, претпријатијата трошат големи пари за нивно оддржување и трпат големи финснсиски загуби.

Апликацијата за овој преокт е поднесена во 2018 година, а во конкуренција на повеќе општини Куманово го добило проектот во висина од еден милион евра.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk