Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Булдужери, багери, камиони, пумпи за извлекување на отпадни води, приколки и возила за превоз на работници, испрати општината Куманово за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.
Тешката механизација ја обезбеди општината Куманово од јавните претпријатија и приватни фирми во градот.
Техничката помош ја однесе градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој со своите соработници ги посети семејствата во поплавените подрачја во населбата Сингелиќ. При тоа најави дека општината ќе донира средства за дезинфекција.
На средбата со градоначалникот Коце Трајановски беше договорено каде ќе се распореди тешката механизација во отстранување на натрпаниот смет, - информираат од одделнието за односи со јавност во општината.
На терен во поплавените населби денеска работат 30 тина волонтери, кумановски акцијаши и граѓани од Куманово кои помагаат на семејстата во расчистување на поплавените куќи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk