Општината изгради нов потпрен ѕид пред училиштето “Кочо Рацин“

27.06.2018 10:06 | KumanovoNews

При крај е изградбата на потпорниот ѕид пред основно училиште „Кочо Рацин“, кој претставуваше опасност за учениците и жителите од населбата „Гоце Делчев“.

Општината изгради нов потпрен ѕид пред училиштето “Кочо Рацин“

Ѕидот е изграден 1984 година и беше накривен, поради што родителите повеќепати бараа да се поправил додека не паднал и не повредил некој. Тој е во должина од 27 метри, а за негова изградба од буџетот одвоени се 330.000 денари.

Поторниот ѕид е изграден, останува да се догради металната ограда, со што целосно ќе се постигне безбедноста за учениците и жителите од овој реон - вели помошникот раководител на секторот за урбанизам Момчило Јовановски.

Директорката на училиштето, Лидија Пешевска вели дека проектот е исклучително значаен за училиштето. Во наредниот период останува да се изгради и влезната порта, како пристапот за лицата со инвалидитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk