Општината ја повлече одлуката за купување на нови возила

04.07.2019 09:13 | KumanovoNews

На денешната седница на Советот на Општина Куманово, беше тргната од дневен ред точката за купување на нови возила за потребите на општинската администација.

Општината ја повлече одлуката за купување на нови возила

При утврдување на дневниот ред секретарот на Општината Деса Стошевска, го извести Советот дека ја повлекува 5-та точка - Предлог - Одлука за набавка на моторни возила за потреби на Општина Куманово. Притоа не образложи дали оваа одлука е привремена или конечна.

Неофицијално, Општина Куманово планира да набави 9 возила за потребите на локалната администарција,  поради тоа што постоечките се наоѓаат во катастрофална состојба и повеќе пари се трошеле за нивна поправка и оддржување, отколку да се набават нови возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk