Општината лани потрошила милион денар за урбана опрема

01.02.2019 13:03 | KumanovoNews

Општина Куманово во 2018 година потрошила 1 милион денари за набавка на урбана опрема.

Општината лани потрошила милион денар за урбана опрема

Од штипска фирма набавени се 100 клупи, 80 канти и 40 табли за забрането фрлање на отпад.

На урбана опрема се мисли на нови клупи и нови канти кои се поставени во централното градско подрачје. Дел во Соколанскиот парк, дел во паркот кај Стадионот, пред училиштата и на градскиот плоштад, - изјави раководителот за комунални работи  Момчило Јовановски.

 Дел од новата урбана опрема беше мета на вандали, особено клупите во Соколанскиот парк, на кои им беше извадени даските, па случајот беше пријавен во полицијата, а клупите поправени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk