Општината Липково објави нов повик за доделување стипендии на студенти

29.01.2015 10:21 | KumanovoNews

Општина Липково објави конкурс за доделување стипендии на студентите од нивната општина, кои се деца без родители, социјално загрозени или имаат добар успех на факултет.

Општината Липково објави нов повик за доделување стипендии на студенти

Заинтересираните имаат еден месец за да аплицираат електронски на веб страната на општината.

“Студентите кои се социјално загрозени или се деца без родители месечно ќе добиваат по 1000 денари, а студентите кои имаат добар успех ќе добиваат 1350 денари. Иако сумата е минимална, сакаме да ги мотивираме студентите да учат. Оваа пракса за доделување на стипендии ја почнавме лани и ќе продолжи и во наредните години. Годинава очекуваме да има поголем интерес за стипендии од лани“ - изјави Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Лани педесетина студенти добиле стипендија од општина Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk