Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово, од 2015 до 2017 година ќе потроши над 24 милиони денари за социјална заштита на граѓаните.
Од оваа сума над 20 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на сметките за вода и смет, за социјално загрозените семејства.
“Бројката на корисници е променлива. Субвенции за комунални услуги добиваа 1435 граѓани и очекуваме и наредната година бројката да се движи тука некаде. Секое семејство добива до 900 денари за вода и до 300 денари за сметките за смет. Субвенции за превоз користат 223 стечајци“ - вели Фросина Трајковска, помошник раководител во сектор за социјална заштита.
Два милиони денари ќе бидат потрошени за бесплатен градски превоз на стечајците, 1,5 милиони денари за функционирање на дневниот центар “Порака наша“, 700.000 денари се одвоени за еднократна парична помош и 180.000 денари за проектот “Инклузија на деца Роми во предучилишни установи“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk