Општината принудно ќе ги наплаќа долговите за данок и фирмарина за минатата година

15.11.2018 17:04 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе врши принудна наплата на данок и фирмарина кон сите правни субејкти, кои не ги подмириле обврските за минатата година.

Општината принудно ќе ги наплаќа долговите за данок и фирмарина за минатата година

Од Секторот за даноци и такси од Општина Куманово, информираат дека е започната достава на решенија за присилна наплата за данок на имот на правни лица и решенија за присилна наплата на фирмарина т.е. комунална такса за деловна просторија за даночните обврзници кои не си ги подмириле своите обврски за 2017 година.  Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски – истакна Андријана Недељковски раководител на Сектор за даноци и такси.

Сите даночни обврзници имаа пристап до својата финансиска картичка на веб страната на Општина Куманово, а ако имаат платен, но нерегистриран долг даночните обврзници да се јават лично во просториите на Општина Куманово во Сектор за днаоци и такси, спроти Градскиот стадион секој ден од 8 до 16 часот на прв кат.

 Исто така вршиме достава на опомени за не платен данок на имот на физички лица. Ги повикуваме нашите сограѓани да си ги подмират своите законски обврски , за да немаат дополнителни трошкови за блокада во банка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk