Општината распиша конкурс за избор на сувенир на градот

04.12.2017 09:03 | KumanovoNews

Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на градот, заради промоција и развој на туризмот.

Општината распиша конкурс за избор на сувенир на градот

Сувенирот треба да содржи елементи на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоци.

За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс…, идејната концепција, развојот и начинот на изработка треба да бидат текстуално образложени.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 20 декември 2017 година.

Општината ќе додели една награда во вредност од 30.000 денари.

 На минатогоишниот конкурс за сувенир на Општината победи сувенирот Пафта- украс од женски колан од народна носија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk