Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи од ЈП „Чистота и зеленило“, со аеросолизација во централното градско подрачје, попладнево се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во градот.
„Поради зголемување на загадувањето на воздухот продолжуваме со процесот на аеросолизација, се со цел да се намалат ПМ честичките во воздухот, - соопштуваат од претпријатието.
Во 21 часот концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот изнесуваше 287 мг/м3.
Според мерните станици Куманово во последните неколку дена е на врвот по загаден воздух во државата.
Граѓаните бараат од локалната власт и градоначалникот да се справат со проблемот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk