Општината Старо Нагоричане бара 24 часовна здравствена заштита

30.04.2010 07:24 | KumanovoNews

  Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, побара од заменик министерот за здравство Владимир Поповски да помогне во Општината да се отвори амбуланта која на населението ќе му пружи 24 часовна здравствена заштита.

Општината Старо Нагоричане бара 24 часовна здравствена заштита

 За таа намена може да се искористи старата амбуланта во Старо Нагоричане, која ако се реновира и опреми може да ги задоволи потребите на локалното население.

Немаме здравствена заштита по 15.00 часот, откако ќе заврши работното време на приватните здравствени ординации.Населението оставанува без најнеопходната медицинска заштита и прва помош, а не секогаш е потребно да се патува и до Куманово за обичен преглед - рече Јовановиќ.

Заменик-министерот Поповски со своите соработници вчера  престојуваше во Општината Старо Нагоричане и ја посети посочената амбуланта, како и стоматолошка и орданицајата по општа пракса и се запозна со проблемите во нивното функционирање. При тоа вети дека заедно со Општината ќе превземат активности да го решат проблемот за да се подобри здравствената заштита.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk