Општината трошела за капитални инвестиции и тековни работи

26.08.2015 14:34 | KumanovoNews

Во вториот квартал од 2015 година општина Куманово најмногу пари потрошила за програмите на јавните претпријатија, изградба на Затворениот пливачки базен,  улици, субвенции за стечајци, одржување на јавно осветлување и слично.

Општината трошела за капитални инвестиции и тековни работи

Приходите се реализирани 40 отсто или 280 милиони денари, а расходите се реализирани со 36 отсто или 240 милиони денари.

Од капитални инвестиции влегуваат изградба и реконструкција на улиците, одржување на улиците кое што гледате во полн ек се работи во градот. Изградба на Затворениот базен, како и изградба на дел и реконструкција на некои основни училишта и спортски сали - кажа Ирена Илиевска, раководител на сектор за финансиски прашања во општина Куманово.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски вели дека ниту во Куманово, ниту во буџетот нема ништо ново и многу малку е остварено.

И понатаму процентот на реализација на програмите се движи од нула до 20-30 отсто, па дури и тука се прави селекција и се дава приоритет на некои делови од буџетот кои што мислат дека ќе им донесат политички поени, а некои прашања кои што се од интерес на граѓаните се запоставуваат. Се вложува во Затворениот базен, иако има поважни работи за граѓаните - изјави Петковски.

Советниците гласаа за извршувањето на буџетот за вториот квартал, како и за проширување на буџетот со 9000 евра, пари од УНДП кои ќе бидат наменети за проект за образование на Роми и лица со интелектуална попреченост.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk