Општината за култура во 2016 ќе одвои 14 милиони денари

16.12.2015 15:53 | KumanovoNews

Општина Куманово за култура во 2016 година  ќе одвои 14 милиони денари.

Општината за култура во 2016 ќе одвои 14 милиони денари

Во програмата се Тамбурашкиот фестивал, детскиот маскенбал, празниците на етничките заедници, одбележување на 11 Октомври, 11 Ноември и други настани.

“Оваа година Куманово ја доби манифестацијата Гимназијада 2016 година, а веќе неколку години во изградба е затворениот базен, планираме да направиме пригодна културно уметничка програма која ќе биде составен дел на таа Гимназијада, а во исто време ќе го отвориме овој капитален објект - изјави Цоки Ристовски, раководител на одделение за култура и спорт во општината.

На денешната седница на Советот на општина Куманово, Мирослав Стојановски, советник  од ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека за во мај за манифестацијата на базенот ќе бидат потрошени 500.000 денари, што според него е многу.

Знам дека за вас ова е многу значајна работа, но знам и дека да се потрошат 500.000 денари е многу - кажа тој.

На ова градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека се работи за манифестација на која ќе има 500 гости и ќе имаат и пропратни трошоци.

Советниците на денешната седница на Советот на општина Куманово, ја усвоија програмата за културни манифестации во 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk