Општините да аплицираат за “Топол културен бран“

26.05.2014 11:30 | KumanovoNews

 Општините во наредните петнаесетина дена можат да аплицираат на конкурсот на Министерството за култура за манифестацијата “Топол културен бран 2014„.

Општините да аплицираат за “Топол културен бран“

На конкурсот, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.

Програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно, џез,  концерти на фолклорни и хорски ансамбли и слично), изведби на класичен и современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања и друго.  

Манифестацијата ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2014 година. Министерството ќе финансираа најмногу пет проекти кои ќе се реализираат во двете етапи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk