Општините во регионот нетранспарентни

22.02.2011 15:39 | KumanovoNews

 Куманово, Липково и Старо Нагоричане се недоволно транспарентни општини, покажува истражувањето за транспарентност и отчетност пред граѓаните, направено во 85 општини во Македонија. 

Општините во регионот нетранспарентни

Според објавените резултати Куманово се наоѓа на 53 место, а Липково и Старо Нагоричане на 71 место што е на самото дно на листата.

Истражувањето и бодирањето се извршени според неколку критериуми: ажурирање на веб-страницата на Општината, постоење служба или лице за односи со јавноста, рок на доставување прашалник и добивање одговор од општинските служби, присуство на преставници од општинската администрација на спроведените обуки во планските региони и добиената просечна оцена од анкетираните граѓани од телефонските анкети спроведени во општините. Интервјуирани се граѓани, лидери и членови на НВО, здруженија на граѓани, претставници на месни заедници и медиумите.

 „При спроведувањето на проектот евидентно е дека дел од општините се рурални во кои има многу населени места од ридско- планински регион. Со оглед на сите овие околности, просечната оценка за транспарентноста на општините од североисточниот регион во кој спаѓаат и Крива Паланка, Кратово и Ранковце, според перцепцијата на анкетираните граѓани, е 3,2. Општината Старо Нагоричане има само насловница на веб страна, а во Липково воопшто не работи веб страната, додека Куманово има веб страна која во последно време се повеќе се ажурира, но недоволно - се вели во извештајот на  Центарот за стратегиско истражување.

На прво место по транспарентност е Општината Струмица. Од направеното истражување Центарот за стратегиско истражување „Форум“ изготви публикација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk