Општинската изборна комисија во нов состав

05.05.2011 14:19 | KumanovoNews

 Виолета Арсовска, правник во Министерството за транспорт и врски е новата претседателка на Oпштинската изборна комисија во Куманово. Нејзин заменик е Флорим Реџепи. Комисијата од вчера e сместена во една од канцелариите во зградата на Општината.

Општинската изборна комисија во нов состав

Општинската изборна комисија работи во полн, нов состав. По завршување на едукацијата на 4 мај,  започна прибирање на избирачките списоци за членови во избирачки одбор. Во тек е постапка за донесување на нови решенија за членови на избирачки одбори за лица, кои што од оправдани причини, неможат да бидат членови на избирачките одбори, на избирачките места во Општината Куманово - вели Арсовска.

 Претставниците на партите до крајот на денот треба да ги достават списоците со свои претставници во избирачките одбори. Од комисијата очекуваат фер и демокрастки избори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk