Општински квиз за противпожарна заштита

28.10.2010 12:14 | KumanovoNews
Триесетина ученици од основните училишта денеска учествуваа на 26 општински квиз натпревар по  противпожарна заштита. Натпреварот се одржува во просториите на Општинското противпожарно друштво, а се состои од два дела.
Општински квиз за противпожарна заштита

 Првиот ден се врши елиминација од пријавените-кадети и трите најдобри екипи утре ќе учествуваат на финалниот општински натпревар, заедно со екипите од средните училишта- јуниори.Победниците ќе го застапуваат противпожарниот сојуз на регионалното натпреварување во Свети Николе во ноември, а во декември во Куманово ќе се одржи државниот натпревар. Учениците се натпреваруваат по знаење од противпожарна заштита од скрипта што ја издаде Противпожарниот сојуз со основните превентивни мерки и сретства за гасење- вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово и член на претседателството на Републичкиот сојуз.

Од оваа година новина во квизот ќе биде натпреварување во видео играта Див оган, каде учесниците на виртуелен начин ќе ги совладуваат огненените стихии.Анимирањето на младите има за цел да ги врати младите во противпожарните домови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk