Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа состанок на кој беа договорени мерките и активностите коишто ќе ги преземат локалните институции и јавните претпријатија, за да се спречи ширењето на воронавирусот во Општина Куманово.
При тоа беше апелирано до граѓаните да покажат јавна свест, да бидат дисциплинирани и во целост да ги почитуваат донесените препораки и заклучоци.
Препораки и заклучоци:
- Општина Куманово веќе воведе услуга за асистенција на болни и немоќни граѓани. Овие категории на лица ќе може да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лица од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови а за кои граѓаните сами ќе си ги покријат трошоците.
- За асистенција на болни и изнемоштени граѓани, на располагање за услуги стои и Меѓуопштински центар за социјална работа. Нивниот дежурен телефон за контакт е 031 438 160.
- Се препорачува на сите Јавни и Приватни здравствени установи, да дадат приоритет на лицата кои се задолжени или волонтираат за помош и асистенција на болни и немоќни граѓани.
- Се препорачува на повозрасните граѓани да во случај на потреба за добивање на извештаи од специјалист и инсулин, да не мора лично да одат туку може да пратат друго лице да ги подигне истите, во нивно име. Исто така, лицата кои треба да се јават на редовна контрола а се во стабилна состојба, може истата да ја одложат.
- Се дава препорака на вршителите на јавен градски превоз, како и сите такси компании, да се вршат континуирана дезинфекција на своите возила.
- Се задолжува ЈП Чистота и зеленило да продолжи со дезинфекција на јавни површини и да ja вклучи и ТППЕ Куманово.
- Се задолжува Општина Куманово да обезбеди 30 соодветни рачни пумпи за вршење на дезинфекција.
- Се препорачува на сите јавни институции, пред влезовите на своите објекти, да обезбедат средства за подна дезинфекција на обувки, во форма на обложени сунѓери или сл.
- Се препорачува на управителите на станбените згради, во координација со Центар за jавно здравје Куманово, да започнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територија на Општина Куманово. За истово, ќе бидат информирани преку Сектор за инспекциски надзор при Општина Куманово.
- Општина Куманово, преку Секторот за образование и Центар за јавно здравје Куманово, отпочна со вонредна дезинфекција на објекти на сите основни и средни училишта и истата ќе биде завршена до средина на оваа недела. Исто така, на сите објектите на Градинката „Ангел Шајче“ веќе се направени и редовна и вонредна дезинфекција. Сите објекти од градинките, основните и средите училишта, по дезинфицирање, ќе бидат затворени за неовластени лица.
- Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Влада на Република Северна Македонија а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk