Османовски: Луѓето во Стари лозја живеат заборавени

26.10.2015 16:15 | KumanovoNews

Советникот Ашмет Османовски од Коалицијата за подобра Македонија денеска на седницата за советнички прашања, се интересираше за проблемите на жителите од населбата Стари лозја.

Османовски: Луѓето во Стари лозја живеат заборавени

Вели дека граѓаните од овој дел на Куманово немаат улично осветлување, немаат патишта, а се создава и дива депонија со смет и шут.

На ова прашање, градоначалникот Зоран Дамјановски одговори дека во оваа населба има проблеми, но истовремено има и градежна експанзија при што се градат дивоградби.

Имаме една неправилна урбанистичка целина. Многу често се навраќам на тој проблем и се чудам која сила може да го реши тоа. Мора да се водиме по некои принципи на живеење.  Не знам како во иднина ќе го решаваме тој процес. Таму не можат два автомобила да се разминат - рече Дамјановски.

Градоначалникот рече дека поради хаосот и инвестирањето во населбата ќе биде отежнато, а за сметот доколку се исчисти, за брзо време повторно се формира депонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk