Осмомартовски марш на жените од СДСМ

07.03.2010 15:47 | KumanovoNews

 Стотина кумановки денеска со марш низ центарот на Куманово го одбележаа 8 март, Меѓународниот ден на жената. Маршот беше во организација на Локаланиот клуб на жени на СДСМ, насловен како „110 години борба - за 4 години 110 чекори назад“.

Осмомартовски марш на жените од СДСМ

Протестот започна во пет минути до 12, од пред зградата на Комитет и помина по Градскиот плоштад, ул. „Гоце Делчев“ булеварот „Трета МУБ“ и ул. „Народна Револуција“.

Сакаме да го свртиме вниманието на јавноста за правата на жените. Иако СДСМ успеа да имплементира еден Закон за еднакви можности помеѓу жените и мажите, кој што вроди со плод, сепак за овие 4 години има тенденција да се вратиме назад во патријархад со пропагирање на повеќедетно семејство, да се укине правото на абортус и слично.За овие 4 години имаме помал број на жени во извршната власт, само две министерки и ниту една жена градоначалник, иако имаше 23 кандидатки на локалните избори. Но се надевам дека со нашата упорност и истрајност ќе успееме ова да го смениме - вели Снежана Захариева, претседателка на ОО СДСМ Куманово.

Таа нагласи дека жените се докажаа како еднакви на многу полиња, пред се во професиите и поради тоа треба да добијат поголем простор и во политиката и водењет на државата. При тоа им го честита празникот на сите жени во Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk