Осмомартовски марш во Куманово

08.03.2019 15:08 | KumanovoNews

По петти пат во Куманово се одржа Марш за родова рамноправност, по повод 8 Март- Меѓународниот ден на жената.

Осмомартовски марш во Куманово

Учесничките на протестот побараа поголеми права на жените, а најавија дека ќе поднесат предлог 8 март да биде неработен ден за жените.

„Овој ден повторно потсетуваме дека сиромаштијата е сексистичка, дека жените се помалку платени, жените спортистки се помалку наградувани, од 80 градоначалници само 6 се жени, од 27 министерски места само неколку се жени, распределбата да биде правична. Положбата на жената во општеството мора да биде унапредена, - изјави Оливера Доцевска, претседателка на Јустиција.

Жените побараа поголеми права и за жените во фабриките и на нивите.  

 Маршот го организираа здруженијата Јустиција, Фибула и Цивис. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk