Основци ќе садат желади

09.05.2014 07:20 | KumanovoNews

Учениците од основните училишта и децата од градинката “Анѓел Шајче“ во понеделник ќе засадат желади од кои садници на даб ќе бидат засадени на есен за Денот на дрвото.

Основци ќе садат желади

Мотото на акцијата на Министерството за животна средина во која се вклучува и нашата општина е “Садница плус - од желад до голем македонски даб“.

  - Желадите ќе бидат засадени на класен час и целта е децата да развијат еколошка свеста за одгледување на растенија. Преку сопствено искуство да покажат грижа за садење на дрвца, садници и зачувување на животната средина. Садниците ќе ги негуваат, тие на есен ќе пораснат 10 до 15 цм височина и ќе ги засадат во училишниот двор - изјави Цветанка Арсиќ, советник за животна средина во одделение за животна средина во Општина Куманово.

До училиштата се доставени материјали за тоа како треба да се засадат и одгледуваат желадите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk