Основците и средношколците полагаат екстерни тестови

16.08.2013 08:13 | KumanovoNews

 Учениците кои од оправдани причини го испуштиле првиот рок,  екстерни тестови полагаат денеска.

Основците и средношколците полагаат екстерни тестови

Во нашето училиште денеска полагаат 10 деца од кои 1 е од одделенска, а другите се од предметна настава. Ќе полагаат македонски јазик, странски јазик, математика, физика, информатика и географија. Имаме набљудувач од надвор и комисија, тестирањето ќе трае од 9 до 12 часот - вели Лидија Костиќ, директор на ОУ “Христијан Карпош“.

Во ОУ “Браќа Миладиновци“ ќе полагаат 2 ученика, во ОУ “Вук Карџиќ“ само 1 дете, а во ОУ“Кочо Рацин“ и ОУ“Браќа Рибар“ во село Табановце сите деца положиле во првиот рок.

Остануваат уште 60 кумановски средношколци денеска и во понеделник да положат екстерни тестови за да добијат свидетелства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk