Основците засадија дрво и учествуваа на квиз по повод 5 века постоење на Куманово

04.11.2019 17:55 | KumanovoNews

 Ученици од осум основни училишта од Куманово, денеска засадија дабово дрво во близина на споменикот „Жена борец“, по повод 5 века постоење на градот.

Основците засадија дрво и учествуваа на квиз по повод 5 века постоење на Куманово

Покрај дрвото ќе биде поставена и плоча на која ќе стои посветата за петвековниот роденден за градот.

Освен во засадувањето на дрвото, учениците учествуваа и во квизот "Колку го познавам својот град“, кој беше одржан во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  

Победник на квизот е тимот од ученици од ООУ „Крсте Мисирков“, Јована Митровиќ, Тијана Спасовска и Ангела Ѓорѓиоска.

„Дрвото го засадија ученици од основни и средни училишта од нашиот град, кои во продолжение земаа учество во манифестацијата „Колку го познавам својот град“ и така да дадеме ние претставниците од основните и средните училишта еден мал допринос за овој голем јубилеј пет века Куманово“,- изјави Саша Николиќ, наставник по физичко и здравствено образование и еден од организаторите на настанот.

Прашањата за квизот беа подготвени од страна на  наставниците по географија и историја, прилагодени на возраста на учениците.

Овој квиз освен што има за цел да види колку учениците се запознаени со сопствениот град како од минатото така и од сегашноста, исто така имаше и забавен карактер.

Сите ученици кои учествуваа и нивните наставници-ментори добија благодарници за учество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk