Основните училишта добија печатачи

23.03.2017 09:24 | KumanovoNews

Тринаесет основни училишта од градот вчера добија печатачи како подарок од општината Куманово за завршен проект за Меѓуетничката интеграција на образованието, поддржан од УСАИД.

Основните училишта добија печатачи

„Куманово е најдобар пример како треба да се гради едно граѓанско општество и интеретничка толеранција. Сите училиште беа дел од проектот, но носители се „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“. Работилниците придонесоа за зближување на учениците, за мултикултурализмот, обичаите, кујната... Тоа е целта на сите овие проекти подржани од меѓународната заедница, имплементирани во локалните заедници“,- изјави градоначалникот Дамјановски.

Проектот траеше пет години, а ќе продолжи и во наредниот период најави директорката на „Браќа Миладиновци„, Марина Манојловска.

„Проектот продолжува, сега поддржан од Министерството за образование со инкорпорирани наставни планови и програми во делот на мултиетничко обраозование, бидејќи општината ни е таква. Сите тежнееме и сакаме да живееме во едно граѓанско општество кое нема да биде оптоварено со националност, вера и припадност, туку со нашите граѓански потреби. Тоа е она што во делот на мултиетничко обраозвание сме должни да им го објасниме на децата, да ги научиме да живеат во такво општество, изјави Манојловска.

Проектот истовремено се спроведуваше и во општините Бутел, Брвеница, Гостивар, Кичево и Струмица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk