Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граѓаните им останаа уште шест дена да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.
До вчера вкупно 12.716 граѓани доставиле годишна даночна пријава во даночното одделение на УЈП во Куманово. Последниот рок до кој треба да се достават пријавите за дополнителните приходи истекува на 15 март.
„ Граѓаните имаат уште малку време да ги пријават приходите и потсетуваме дека даночните канцеларии на УЈП ќе работат секој ден од 8.30 до 18 часот и сабота од 8.30 до 14 часот. Ги повикуваме граѓаните, кои освен плата и пензија оствариле и друг дополнителен приход во 2016 година да дојдат навреме и да поднесат пријава“,- изјави Сузана Стошевска Николовска, раководител во даночното одделение на УЈП Куманово и портпарол во Регионалната канцеларија на УЈП Штип.
За сите информации и помош при пополнување на на годишната пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо Центарот 080033000 или во даночните канцеларии.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk