Оштетена подлогата на игралиштето кое се реконструира во Техничкото училиште

21.11.2020 08:55 | KumanovoNews

Уште недоправено почна да се уништува игралиштето на техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

Оштетена подлогата на игралиштето кое се реконструира во Техничкото училиште

 Во текот на вчерашниот ден откако била поставена подлогата непознати лица ја оштетиле. За ова утринава информираше градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги објави фотографиите и го осуди вандалското однесување на поединци, при што побара тие да се најдат и да се казнат.

- Тартан гумената подлога на надворешното игралиште во техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово е уништено од страна на вандали во текот на вчерашниот ден веднаш по неговата изведба. Ќе ве пронајдеме кои и да сте, ќе одговарате, а ние ќе продолжиме да работиме. Дали така се однесувате и за сопствениот имот? Го осудувам овој вандализам, мораме сите заедно и одговорно да го сочуваме заедничкиот имот, апелирам до надлежните да ги пронајдат и санкционираат сторителите, - напиша Димитриевски на својот Фејсбук.

Општината неделава започна реконстрикција на три игралишта во средните училишта „Гоце Делчев“, „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“ во Куманово, со средства обезбедени од заштеда во образованието.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk