Оштетена влезна врата на штаб на политичка партија

04.03.2019 14:22 | KumanovoNews

Непознати сторители насилно влегле во штаб на политичка партија во селото Ранковце. Случајот во полицијата бил пријавен вчера во 12.10 часот. 

Оштетена влезна врата на штаб на политичка партија

„Во Полициското одделение Ранковце било пријавено дека непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и влегол во штабот на една политичка партија, кој се наоѓал во состав на зградата на општина Ранковце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, - соопштуваат од СВР Куманово.

 Неофицијално се работи за штабот на ВМРО-ДПМНЕ.






Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk