Оштетени жардиниерите на Октомвриска револуција

15.05.2013 09:42 | KumanovoNews

 На булеварот „Октомвриска револуција„, речиси по целата должина се оштетени или искршени жардиниерите за цвеќе.

Оштетени жардиниерите на Октомвриска револуција

Кумановци вперуваат прст во своите сограѓани, несовесни возачи, кои со неприлагодена се движат по улицата и удираат во жардињерите. Честопати покрај уништувањето на саксиите во опасноат ги доведуваат и животот на минувачите.

 Куманово е феноменален град, но луѓето немаат култура. Купија брзи коли и сега демонстрираат моќ по улиците и ја уништуваат урбаната опрема во градот.  Треба повеќе да се оддржуваат тие зелени површини. Граѓаните воопшто не се грижат за природата и создаваме лоша слика за градот - вели граѓанин.

Од Општина Куманово велат дека деновиве ќе отпочне санација на жардињерите.

Тоа се нови жардињери, кои ги поставивме минатите години, но речиси сите се напукнати или искршени од возачи при сообраќајни несреќи. Даден е налог до ЈП “Водовод“ за нивна санација и овие денови ќе се почне со работа - рече Момчило Јовановски од секторот за урбанизам во Општина  Куманово.

Во најкус рок се очекува жардињерите да бидат поправени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk