Оштетувања на патот кон Кратово

16.03.2015 09:41 | KumanovoNews

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Оштетувања на патот кон Кратово

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница, има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

Локалниот пат од Кратово до с.Каврак е прооден по една коловозна лента за ПМВ, а за ТМВ е забранет.

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка –  граничен премин Деве Баир, кај  месноста Врлибрег, кој поради одрон на камења и земја на патот беше во целосен прекин, сега е нормализиран за секаков вид на возила, велат оттаму.

Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 Од денеска престанува да важи законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk