Осудени лица завршија обука за пекари и заварувачи во затворот Кшање

27.11.2017 11:26 | KumanovoNews

Дваесет и три осудени лица денеска добија уверенија за стручно оспособување во казнено-поправната установа затвор Кшање во Куманово.

Осудени лица завршија обука за пекари и заварувачи во затворот Кшање

  Од нив 12 за пекари и 11 за аргон заварувачи.

„Се надеваме дека ова што го научивме овде ќе ви послужи во понатамошниот живот, откако ќе ја напуштите установата“, - посака присутните на свеченоста, министерката за образование Рената Десковска, претставничката од УНДП Лујза Винтон, директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ и другите гости.

 Директорот на затворот, Марјан Спасовски,  се заблагодари на сите кои помогнаа во релаизација на проектот, како и на осудените лица кои учествуваат во него, со надеж дека истиот ќе продолжи и во наредниот период. 

Обуките ги спроведуваат професори од техничкото училиште Наце Буѓони и земјоделското училиште Киро Бурназ.

Во затворот Кшање, досега обуки завршиле 120 осудени лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk