Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првиот интернет портал во Куманово, www.kumanovonews.mk, денеска одбележува 8 години постоење.
Започнавме на 28.април 2008 година, на големиот христијански празник Велигден. Со нашето појавување, предизвикавме пресврт во брзиот и неограничен пристап до информации во градот. За кратко време достигнавме огромна читаност и доверба кај граѓаните.
Во изминатите години со многу труд и посветена работа успејавме да се одржиме на медиумскиот простор и да се наметнеме како сериозно информативно гласило во општината, регионот и државата.
Почитувани читатели, постоиме и опстојуваме само заради Вас. И во наредниот период ќе информираме брзо, објективно и навремено, за се што се случува во нашата општина, но и во регионот.
Благодариме на довербата!
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk