Осум илјади пациенти без здравствено осигурување

11.04.2014 09:37 | KumanovoNews

Осум илјади невработени граѓани во Куманово сеуште не се пререгистрирале во Фондот за здравствено осигурувањем, поради што услугите кај матичните лекари ќе мора да ги плаќаат приватно.

Осум илјади пациенти без здравствено осигурување

Матичните лекари ги советуваат граѓаните што поскоро да се пререгистрираат ако тоа не го сториле до крајот на месец март.

Проблемот е во тоа што и капитацијата се намалува кај матичните лекари, а најмногу ќе трпат самите пациенти, бидејќи не можат да подигнат лекови на позитивна листа. Ќе биде платен и прегледот и сите услуги во примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита - изјави Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.

За секој непререгистриран пациент матичниот лекар губи скоро по 100 денари месечно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk