Осум кумановски фирми добија субвениции од Министерството за економија

22.06.2019 11:26 | KumanovoNews

Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија преку програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година добија осум фирми од Куманово, од вкупно 87 на ниво на државата. 

Осум кумановски фирми добија субвениции од Министерството за економија

На листа на субвенционирани по објавен Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, подмерка I се наоѓаат фирмите: ДЕ МАРКО ДООЕЛ од Куманово, АРС ДИЗАЈН ДООЕЛ Куманово и АРИС ДОО Куманово со  300.000 денари, МИДАПЛАСТ ДОО, Куманово - 268.882 денари, СТУДИО МИЛАНОВСКИ ДООЕЛ Куманово - 158.056 денари, ЕЛЕКТРОКУМАНОВО ДОО Куманово - 59.155 денари, ЈИД ШУС ДООЕЛ Куманово - 30.164 денари и ВИА- ШУС ДООЕЛ Куманово, 15.252 денари.

„Тргнувајќи од потребите на стопанствениците, Министерството за економија во континуитет прави напори да го поттикне претприемачкиот дух кај населението и да превземе мерки и активности со цел да ги поддржи малите и средни претпријатија и да го поедностави процесот на формирање на нови претпријатија. Преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година издвоивме средства во вкупен износ од 21 милион денари“, - изјави министерот Крешник Бектеши.

Рокот за аплицирање за субвенционирање на занетчии и претпријатија водени од жени е продолжен до 30 јуни, а во тек се и други повици кои можат да се пронајдат на http://www.economy.gov.mk/.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk