Осум новозаболени од коронавирус во Куманово

06.04.2020 16:15 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи, со што во земјава бројот на регистрирани заболени стигна до 570.

Осум новозаболени од коронавирус во Куманово

Новозаболените лица по градови се од : Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1. Струга – 1 и Штип – 1.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 239

Куманово – 121

Дебар – 49

Штип – 20

Прилеп – 33

Тетово – 29

Струга – 25

Велес – 10

Битола – 6

Охрид – 3

Кавадарци – 2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 3

Радовиш -4

Крушево – 2

Кочани – 14

Три лица починаа од коронавирус на Клиниката за инфективни болести. Станува збор за пациент на 40 години од Кочани,  69-годишен пациент од Тетово со тумор на мозок и пациент од Тетово на 65 години без познати минати заболувања. Вкупниот број на починати во земјава стигна до 21.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk