Осум оркестри и четворица пејачи на „Рома труба фест“ во Куманово

02.09.2016 13:01 | KumanovoNews

 Осум оркестри и четири пејачи од Македонија и Србија ќе настапат на годинешниов, 11. Меѓународен фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест“, кој ќе се одржи во понеделник на градскиот плоштад Куманово.

Осум оркестри и четворица пејачи на „Рома труба фест“ во Куманово

На фестивалот ќе настапат оркестрите на Џамбо Агушев од Струмица, „Дарко Станковиќ“ од Сурдулица, „Исидор Зечевиќ“ од Бојник, „Саша Павловиќ“ од Пирот, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, „Кемал Асанов„ Струмица, “Млади таленти“ од Штип и Ферус Мустафов. Гости на вечерта ќе бидат пејачите: Стојне Николова, Мите Стоилков, Мартија Станојковиќ и Горан Кукиќ.

„Ѕвезди ќе бидат оркестарите на Џамбо Агушев, еден од најдобрите светски трубачи и првата труба на Гуча победникот во 2016 година Христијан Трајковиќ. Химната „Џелем, Џелем„ ќе ја пее Мите Стоилов, годинешниот победник на Пикн звезди. Имаме богата музичка понуда со најдобрите оркестри во регионот кои ќе се претстават со по получасовна програма, - изјави Самет Салиевски, директор на фестивалот.

Организатор на манифестацијата е ансамблот на ромски игри и песни „Рушид Шакир“, под поткровителство на општина Куманово и со подршка на Министерството за култура.

Традиција продолжува благодарение на ансамблот „Рушит Шакир“, бидејќи овој тип на музика е близок до ромската заедница. Тие го етаблираа овој фестивал на картата на Македонија и мислам дека еден од попрестижните во регионот„,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

 Фестивалот е со ревијален карактер. Новина оваа година е учеството на сите оркестри на дефилето низ градските улица кое ќе трае од 16 до 17 часот.  Концертот ќе започне во 19.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk