Осум граѓани побарале помош во Ургентен центар, поради напад од куче

13.03.2023 11:31 | Сузана Николиќ

Се зголемува бројот на граѓани кои бараат помош во Кумановската болница, поради напад од куче. До 11 часот лекарска помош им е пружена на 8 пациенти.
 

Осум граѓани побарале помош во Ургентен центар, поради напад од куче

„Кај нас се примени 8 пациенти, кои се здобиле со лесни телесни повреди од напад на куче“, вели д-р. Радомир  Гелевски, началник на Хируршкото одделение во Кумановската болница.

Утринава кучето напаѓаше во близина на Основното училиште „Крсте Мисирков“, при што беа повредени четири ученика и еден возрасен кумановец. Очевидци кажуваат дека не се работи за куче скитник, туку за чувано куче, кое најверојатно избегало од дома. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk