Осум пожари во Куманово и еден во Нагоричане

01.09.2015 08:46 | KumanovoNews

Територијалната противпожарна единица Куманово за 24 часа бележи осум интервенции, а нивните колеги во Старо Нагоричане имале една интервенција.

Осум пожари во Куманово и еден во Нагоричане

 На улица “Бајрам Шабани“  на опожарена сува трева е интервенирано со 1 возило и 4 пожарникари од 19.35  до 20 часот.

Интервенирано е на “Трета МУБ“  од 20.20  до 20.55  часот со 1 возило и 3 пожарникари на запалена семејна куќа.

На ­Пчински пат   на опожарена сува трева е интервенирано со 1 возило и 4 пожарникари во период од 9.45  до 10.30 часот.

Во 12.15 часот интервенирано е  на улица “Ѓуро Пуцар-Стари“  на опожарен електричен столб. Пожарот е изгаснат со 1 возило и 3 пожарникари во 12.55 часот.

Интервенирано е во атарот на село Тромеѓа во м.в. Амбар мало  на опожарена   стрниште  и слама од 16.15 до  16.55  часот , со 1  возило и 4 пожарникари.

Во атарот на селата Четирце и Горно Којнаре  интервенирано е  на опожарена сува трева и стрниште  од 17.20  до 21.35 часот , со  1 возило и 4 пожарникари.

Во атарот на село Орашац   интервенирано е од 20.20  до 21.45 часот  на опожарена сува трева со 1 возило и 4 пожарникари.

Од ТППЕ Куманово информираат дека во  гаснењето на пожарот  во село Лукаре биле од 14.25  до 23.35  часот со 1 возило и 4 пожарникари.

Помеѓу селата Никуљане и Четирце вчера гореше сува трева, стрништа, шума и лозје со површина од околу 30 хектари. Пожарот е изгаснат со 4 пожарникари, едно возило и лада нива.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk