Осумдесет и четири деца трпеле семејно насилство

17.05.2012 09:35 | KumanovoNews

Денеска се одбележува меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка  на деца жртви на насилство.

Осумдесет и четири деца трпеле семејно насилство

Во Македонија СОС линија за деца постои веќе 19 години во рамки на првата детска амбасада Меѓаши . Досега на оваа линија се регистрирани 18 250 повици. Лани 56% од лицата кои се јавиле за помош се од женски пол, а исто така 47% од злоупотребените деца се од женски. Жените и децата се жртви на  психичко, физичко насилство или на експлоатација.

 Осумдесет и четири деца биле малтретирани во семејството, 86 на училиште, а 86 се жртви на институционална злоупотреба. Македонскиот СОС број е хармонизиран со меѓународниот 116 111 и е овозможена 24 часа достапност.

СОС линии има во 133 земји во светот, а само во 2010 година на меѓународно ниво имало 28 милиони јавувања. Преку телефонските линии децата добиваат разговор или во краен случај им се обезбедува безбедна средина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk