Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумдесетина дечиња од сите основни училиште во градот денеска учествуваа на креaтивната работичница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Младите уметници изработија стотина цртежи со најразлични мотиви, кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура.
„Mногу сме задоволни од интересот што го покажаа. Се работи за дечиња до 10 годишна возраст. Иако е средина на летото сепак се потрудивме да им овозможиме неколку часа да бидат дел од една креативна работилница и да се дружат меѓусебно“, - изјави директорот Сашо Тодоровски.
Дечињата ни рекоа дека уживаат во цртањето и дека наредниот пат повторно ќе дојдат.
Сите учесници добија благодарници.
Како добри домаќини, вработените обезбедија освежителни пијалоци и грицки за дечињата.
Организаторот имаат идеја наредната година овие креативни работилници да траат по неколку дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk