Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумгодишниот Сергеј Станковиќ ги претставуваше Македонија и Куманово на Светското првенство во шах, кое се одржа од 14 до 21 април во Врњачка Бања, Србија.
Младиот шахист се натпреваруваше на рапид и блиц турнирите, каде постигна солидни резултати, а учествуваше и во дисциплината решавање шаховски проблеми, во категоријата У10.
Покрај него, од Македонија настапија уште шест деца во други возрасни категории.
„Имаше возбудливи и тешки партии. Се стекна со нови пријатели и научи нови лекции. Најдрага победа му беше победата против противник од Шведска“, вели неговиот татко Срѓан Станковиќ, кој му е голема поддршка во натпреварувањата.
Сергеј љубовта кон шахот ја развива уште од тригодишна возраст, а веќе на шест години го освоил својот прв медал и пехар. Досега учествувал на бројни турнири во земјата и странство, каде освоил први, втори и трети места.
Тој е ученик во трето одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ и активен член на Градскиот шаховски клуб Куманово.

„Да се биде меѓу најдобрите млади шахисти во светот е успех кој заслужува огромен аплауз. Сергеј не е само мајстор на црно-белите полиња, туку и вистински пример за посветеност, дисциплина и талент“, објави училиштето.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk