Осумина новозаболени од коронавирус во Куманово

09.07.2020 13:52 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во земјава, од направени 1470 тестирања.

Осумина новозаболени од коронавирус во Куманово

По градови: Скопје 83, Куманово 8, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 3, Тетово 26, Струга 5, Битола 2, Охрид 8, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 4, Кичево 6 и Ресен 1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk