Осумнaесетгодишен возач повреден во сообраќајка - со автомобилот удрил во три паркирани возила

05.02.2021 20:34 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на улицата „11 Ноември“ на влезот во населбата Бедиње.

Осумнaесетгодишен возач повреден во сообраќајка - со автомобилот удрил во три паркирани возила

Според СВР Куманово, сообраќајката се случила попладнево околу 17 часот кога автомобил удрил во три паркирани возила.

„Возачот С.И.(18) од с.Опае кој управувал ПМВ „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди“, - соопштуваат од полицијата.

Од фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи може да се види дека едно од возилата е превртено на кров, а друго ја пробило оградата на надвозникот.

Од страна на СВР Куманово е извршен увид на лице место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk