Освен шуга, Куманово со мал број на други акутни заразни заболувања

29.01.2024 13:03 | Жаклина Цветковска

Со исклучок на шугата каде со 13 случаи го зазема неславното второ место, веднаш зад Скопје со 14 заболени, Североисточниот регион се наоѓа на релативно ниско ниво во однос на останатите акутни заразни заболувања, регистрирани во државата во декември 2023 години.

Освен шуга, Куманово со мал број на други акутни заразни заболувања

Според извештајот на Институтот за јавно здравје на РСМ , од Центарот за јавно здравје Куманово со подрачните единици во Крива Паланка и Кратово, во месец декември 2023 година пријавени се вкупно 52 сличаи на заболени лица од акутни заразни заболувања во кои не се вклучени ковид- 19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ.

Најмногу заболени се од овчи сипаници, вкупно 19, од кои 15 во Куманово, 3 во Крива Паланка и еден случај во Кратово. Потоа, следува шугата со регистрирани 13 заболени од кои дури 12 се од Куманово и еден од Крива Паланнка. Пријавени се и вкупно 13 ентероколитиси и тоа 6 во Кратово, 5 во Куманово и 2 во Крива Паланка. Во 4 случаи е забележана и инфективна
мононуклеоза од кои 3 во Куманово, како и еден случај на салмонелоза и 2 случаи на скарлатина, исто така во кумановската општина.

Од грип , пак, заболеле 44 лица, сите од Куманово, а од ковид-19 вкупно 5 лица и тоа 4 во куманово и едно од Крива Паланка.

Главни микробиолошки причинители на заразните заболувања во нашиот регион се стафилококус аурелис во 27 случаи, респираторен синицијален вирус во 18 сличаи, ХПВ во 14, салмонела во 6 случаи и други.

Инаку, во текот на декември 2023 година, во Македонија пријавени сe вкупно 1.551 заболени лица од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ), со вкупна инциденца од 84,4 на 100.000 жители.

Вкупниот број на пријавени лица во месец декември е зголемен за 52,8% во однос на претходниот месец ноември 2023. Во однос на месец декември 2022 пак, се регистрира намалување на пријавените лица од акутни заразни заболувања за 18,8%.
Кумулативниот број на пријавените во 2023 е за 74,6% поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2022 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk