Отежнато возење од Куманово кон Крива Паланка и Свети Николе

07.01.2017 10:46 | KumanovoNews

Поради наноси на снег на патот сообраќајот се одвива отежнато на патниот правец Куманово – Крива Паланка и Велес – Штип, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Отежнато возење од Куманово кон Крива Паланка и Свети Николе

 На овие делници наизменично се пропуштаат возила.

Од утрово  регионалниот пат Кратово-Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила.Од ноќеска повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.

Се нормализира сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово. Остануваат на сила забраните за тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk