Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното јавно обвинителство од Куманово ја отфрлило како неоснована кривичната пријава против Благе Јакимовски, поранешниот претседател на Здружение на пензионери Куманово, која била поднесена од СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, во март минатата година.
„Нема злоупотреба на службена должност, цело време се работи за валкани игри на поединци од здружението, кои претендираа на функцијата. Лузната која ни беше направена, промовирана во јавноста и медиумите, се случи пред редовните избори за раководство на здружението со намера Јакимовски да биде дискредитиран и тргнат на страна. Тие ја постигнаа својата цел, но истапувам за да се „тргне“ срамот од нашите имиња“, истакна Гордица Бошковска, секретар на здружението во мандатот на Јакимовски.
Пријавата во МВР, УЈП И ОЈО ја поднесоа членови на здружението, кои јавно обвинија дека тогашните претседател, потпретседател и секретар на Здружението ја злоупотребиле функцијата и си исплаќале повисоки хонорари за нивниот ангажман без одлука на Собранието.
Тројцата функционери примиле вкупно 60.000 денари кои подоцна ги вратиле на сметката на здружението. Тие ја признале грешката и тврделе дека се работи за пропуст, бидејќи не знаела дека одлуката по која постапиле е укината во 2016 година.
Решението за отфрлање на пријавата со број 176/23 е доставено до СВР Куманово и Здружението на пензионери Куманово, а сите заинтересирани лица можат да извршат увид во ОЈО Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk