ДИК ги отфрли приговорите на ТМРО во Старо Нагоричане

05.11.2021 08:34 | Сузана Николиќ

Државната изборна комисија (ДИК) не ги прифати приговорите на политичката партија ТМРО, на која кандидат за градоначалник во Старо Нагоричане беше Власте Димковиќ. ТМРО поднесе 7 приговори наведувајќи одредени нерегуларности. 

ДИК ги отфрли приговорите на ТМРО во Старо Нагоричане

„ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане се отфрлени, бидејќи согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е спротивно на Изборниот законик, а воедно и не се потпишани од овластен претставник“, стои во образложението.

Поднесените приговори се однесуваа на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182  Челопек, 1.183 во Алгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуљане. 

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), Јовановска освои 55,58 отсто или 1.076 гласа, додека Димковиќ 41,89 или 811 гласови.

Во Старо Нагоричане гласаат 3.262 гласачи на 38 избирачки места. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk