Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ги извиси воените ветерани од Куманово и им ja откажа крводарителаска акција затоа што имале доволни количини на крв.
Акцијата требаше да се одржи на 2. мај во просториите на клубот Христијан Карпош, но вчера стигнало известување дека се откажува од технички причини.
„ Првпат се случува крводарителска акција да се откаже од трансфузиологија. Тоа е срамота, не дај боже да се случи некоја елемантарна непогода, поради технички причини да не може да се даде крв и да се спаси нечии живот. Сакам да го искажам својот револт кон неодговорниот однос на Трансфузиологија, бидејќи два-три дена пред одржување на акцијата ни ја откажуваат подршката. Ние ги направиваме сите подготовки ги известивме крводарителите од Министерството за одбрана, АРМ, МВР и граѓаните и потрошивме пари за целата организација,- изјави Киро Соларски, секретар на здружението.
Акцијата се одржува по петти пат во чест на Александар Ковачевски, член на здружението, во соработка со неговото семејство секоја година на 2. мај.
„Акцијата почнавме да ја организираме кога ја најавивме на 10 април, тие ни го одредиа терминот и сега ни откажуваат. Ние веќе ја истакнавме објавата и ни се јавија голем број на учесници, сега треба да им откажеме и да ја прекинеме традицијата, - изјави Елизабета Ковачевска.
Од Црвен крст велат дека акцијата е одложена не само во Куманово, туку и во сите останати градови затоа што во монетот има резерва од 2000 единици крв во Институтот за трансфузиологија. Акцијата е планирана и ќе се одржи во наредниот период кога ќе има потреба, поради што ги замолуваат ветераните да имаат разбирање бидејќи и крвта има рок на употреба и доколку не се потроши ќе треба да се фрли што би било штета.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk