Откриен голф со фалсификувана шасија

27.04.2016 14:11 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(34) од с. Седларево, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Откриен голф со фалсификувана шасија

 Пријавениот во текот на јули 2015 година од лице од Тетово купил патничко возило „Фолксваген Голф“ и по пат на механичка обработка го избришал бројот на шасијата и на истото место втиснал нов број на шасија вршејќи притоа нов идентитет на возилото. На 12.01.2016 година полициски службеници извршиле контрола над возилото и бил утврден фалсификатот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk